БИТКА ЗА БУЏЕТ: Во канџите на политиката!
Дали Министерот за финансии Миновски денеска ќе го претстави новиот буџет? Сите очекувања се дека денеска треба да се видат контурите на најважниот документ од кој зависи целата економија. Иако и досега не се исполнуваа првичните проекции, сепак буџетот е репер за тоа како ќе се движат работите.
Неофицијално растот и следната година ќе се движи околу 3 отсто, исто како и дефицитот. Слично како и порано најголем дел од буџетот, две третини ќе одат за социјални трансфери во кои спаѓаати трансферите кон фондот за пензиско.
Со нетрпение се очекува да се види ставката капитални инвестиции.
Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев потврди дека Владата викендов ќе одржи седница на која ќе се разгледа предлог буџетот за 2017 поднесен од Министерството за финансии.
Во понеделник новиот буџет треба да влезе во Собраниска процедура. Ова го најави министерот Кирил Миновски во дебата со заменикот министер Кире Наумов.
Новиот буџет треба да биде изгласан до 12 октомври,тоа е последен рок после кој се распушта собранието.
