Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битка за американскиот пазар: Што се случува со цената на нафтата?

Битка за американскиот пазар: Што се случува со цената на нафтата?
Цената на сировата нафта минатата недела падна на 73.21 долари по барел што е и најниско ниво во последните четири години. И додека министрите во Иран, Либија и Венецуела побараа да се преземат мерки кои би спречиле дополнителен пад на цената, Саудиска Арабија и Кувајт и понатаму одбиваат ОПЕК да ги намали производните квоти за наредната година. FXLider, на сите читатели на Фактор кои сакаат да го искусат берзанското тргување, им подарува 50€ за тргување со цената на нафта. Пријавете се и земете 50€ овде. Покрај тоа, Саудиска Арабија неодамна повторно ја намали цената на сировата нафта и тоа втор месец по ред. За разлика од претходниот пат, сега е намалена цената исклучиво за американскиот пазар. Многумина сметаат дека ова намалување на цената стратешки потег со цел да се оштетат американските произведувачи на нафта од шкрилци. И додека некои аналитичари сметаат дека започнува нова „Студена војна“ помеѓу САД и Саудиска Арабија, други сметаат дека со овој потег Саудиска Арабија само се обидува да го одбрани својот дел на пазарот од останатите извозници во САД. Факт е дека откако САД започнаа со алтернативни начини на производство на нафта од шкрилци, глобалниот пазар за овој енергенс е значајно променет. САД, еден од најголемите светски потрошувачи на сурова нафта, значително го намали својот увоз и тој моментално е на најниско ниво од  1987 година. Долгогодошниот сон на западот да ги собори на колена ОПЕК повторно оживеа. Прекумерните залихи во комбинација со бавното закрепнување на глобалната економија  ја намалија побарувачката како во Европа така и во Кина. Поради тоа Саудиска Арабија, која покрај Канада е најголем извозник нафта во САД, се обидува да го задржи својот дел на пазарот и со ваквите ниски цени се  обидува да ги одалечи од пазарот или да го лимитира присуството на американските произведувачи. Производството од шкрилци е поскапо од традиционалниот начин на производство и ваквите ниски цени на саудиската нафта можат да ги направат непрофитабилни во очите на инвеститорите што како последица би можело да има намалување на производството, намалување на залихите и отворен пат на нов увоз од Саудиска Арабија. Meѓутоа, за сега никој не е спремен да ги стави своите карти на цена од 100$. Производителите од Канада, Русија, Саудиска Арабија и САД, упорно го бранат својот дел од пазарот и покрај тоа цената постојано паѓа. Канадските произведувачи на нафта од нафтен песок ги зголемија планираните капитални расходи за 2015 година и според нивните пресметки додека цената не се спушти до 40$ или 50$ по барел, тие немаат намера да ја менуват својата деловна стратегија. Спрема претходните пресметки, производството во САД во 2017 година, требало да порасне до 2.8 милиони барели на ден, но по цена од 90$ на ден. Доколку цената се спушти по 65$, спрема Barcleys, претходните прогнози за раст на производството ке бидат намалени на едвај милион барели на ден. IEA (Меѓународна агенција за енергија) очекува земјите со членство во ОПЕК да го зголемат својот удел на глобалниот пазар од 42% за да имаат удел од 49% до 2040 година. Ако се земе предвид дека Саудиска Арабија втор месец по ред го намалува производството и ова моментално е најниското ниво во последните седум месеци, сепак на состанокот кој го организира ОПЕК на 27 ноември може да дојде до изненадување и намалување на производните квоти за наредната година. Увоз на сурова нафта во Соединетите Американски држави 2008-2013 Месечен увоз во период од март до август 2014
Слично

Поврзани вести