Битка со надојдената вода
На местото каде што вчера се пресече патот кај Новаци, денес е поставен мост. Денес може да се премине на другата страна и да се стигне до Новаци и РЕК Битола преку него. Газејќи по него, гледајќи надолу, може да се види силата на водата која ја потопи Пелагонија.
Десет куќи се поплавени во Новаци, од кои една е целосно поплавена. Оваа зелена куќа на Станко Мицевски е наполно уништена. Бидејќи останаа без дом, сместени се во салата на општината.
-Немаме куќа, покуќнина, ни остана само душата, вели Мицевски.
Жителите на ова село, цела ноќ ја испумпувале водата од своите куќи. А пумпи најмногу им биле потребни. Денес и министерот Јанакиевски, им вети дека ќе им донесат пумпи со голем капацитет за да ја исфрлат водата.
-Користиме импровизирани пумпи, ни требаат нови, вели Пецо Шурбевски.
На овие луѓе најпотребна им е водата.
-Водата не е за ништо, мириса, вели Славчо Марковски.
Денешната состојба се оцени како постабилна од вчера, а се подготвуваат за најавените утрешни врнежи од дожд.
