БИТКА СО КОРУПЦИЈА: Борба со ветерници или само шоу за камерите?
Ако трите најзначајни власти во Македонија, судкската, извршната, и законодавната се најкорумпирани, како тогаш ќе ги градиме институциите. Логично прашање по најновиот извештај за проценка на ова зло на кое Македонија не е имуна, напротив, последните години земјата покажува се помала отпорност кон корупцијата.
Иако навидум, новинските извештаи се полни со наслови за битка со криминалот и корупцијата, истражувањето упатува на заклучок дека тоа е дел од пропагандата, а не од вистинската битка.
Во новиот извештај за проценка на корупцијата во Македонија, спроведен од страна на Меѓународниот центар за меѓународна соработка (МЦМС) пишува дека судовите, владата и собранието се трите институции во кои има најмногу корупција.
Во 99 проценти од случаите во кои граѓаните биле подложни на поткуп споредбено со казнетите или признаени како корупција биле прогласени само 0,04 проценти од делата.
- Перцепциите за корупцијата се непроменети споредбено со 2014 година, а нивоата на коруптивен притисок и виктимизација се влошени.
Коруптивниот притисок од страна на службените лица и вклученостa од страна на граѓаните бележат зголемување споредбено со истражувањето од 2014 година, а отпор кон корупцијата речиси и да не постои, односно на 30,5 проценти од граѓаните им бил побаран поткуп, а 29,2 проценти дале поткуп- истакна Емина Нурединоска, еден од авторите.
За споредба во Хрватска каде на 12 проценти од граѓаните им бил побаран поткуп, а дале 9 проценти од нив. Македонија е на дното на балканската листа заедно со последната Албанија
Слично
