Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Во кризата бевме земја во која нема разум, ребалансот за 10 дена

Битиќи: Во кризата бевме земја во која нема разум, ребалансот за 10 дена

Владата носеше мерки на секои три месеци, но некогаш тие не доаѓаа навреме до граѓаните, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за МИА. Додава дека во време на криза најважно е да преовлада разумот кај сите политички чинители.

Битиќи тврди дека ако не беа мерките, нашиот пад на БДП лани би бил 8,7 проценти. 

„Секако, 4,5 проценти пад е лош резултат, но споредбено со регионот, ние сме убедливо со најмал пад. Црна Гора имаше пад од 15 проценти, Косово од 12 и Албанија приближно 10 проценти. Ако се споредуваме со земјите од ЕУ, ние сме трети што значи дека само две европски држави се пред нас.Второ, успеавме да спасиме отприлика 80 илјади работни места. Тоа и ни беше императив. Без помошта што беше дадена низ различните мерки, очекувањата беа дека ќе бидат изгубени 80 илјади работни места. На крајот на годината имавме отприлика 16 илјади работни места изгубени заради Ковид, а во април 19.300 работни места изгубени заради Ковид, вели Битиќи.

Сепак открива дека малку сме потфрлиле

„Ние сме единствена земја, не само на Балканот, туку и пошироко, во која немаше разум. Влеговме во здравствена и економска криза, а се однесувавме неразумно како да живееме во мирнодопски моменти. Во Грција на пример, опозицијата се однесуваше разумно затоа што сметаше дека животот на граѓаните е најважен и дека во пандемија не сакаш да покажеш кој е попаметен и подобар политичар и дека за политички мегдан има време. Се согласувам дека некогаш мерките не доаѓаа навремено кај нашите граѓани, но сигурно се сеќавате дека јас повикував речиси секој втор ден дека на нашите пратеници кои се изгласани од граѓаните им се потребни само пет секунди да го кренат зеленото картонче и да ги изгласаат мерките. Замислете, пет секунди да се поважни од еден човечки живот. Јас тоа не можам да го разберам и никогаш нема да го разберам, истакнува Битиќи.

Речеи дека се прават последните консултации со сите министерства и јавните институции за ребалансот на буџетот.

„ Мислам дека многу набргу, наредните 10-тина дена би требало да се случи. Нема да има премногу изненадувања. Стандардно тоа што го покажавме е дека домаќински се грижиме за јавните средства. Таму каде што навистина нема можност да се спроведат одредени проекти, ќе се скратат и ќе се алоцираат средствата. Секако може да се алоцираат и во сегментот на поддршка на стопанството затоа што одредени показатели покажуваат дека можеби ќе треба уште еден период да има мерки. Поддршката на стопанството повеќе ја гледам како поддршка за креирање на додадена вредност, а не само како давање на помош за справување со последици. Буџетот ќе биде во насока на поддршка на развојот и опоравувањето, вели Битиќи.



Слично

Поврзани вести