Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Владата ќе реагира, ако договорите за електрична енергија се раскинуваат незаконски

Битиќи: Владата ќе реагира, ако договорите за електрична енергија се раскинуваат незаконски

 Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, на денешната прес-конференција рече дека Владата ќе реагира доколку снабдувачите незаконски им ги раскинуваат договорите на големите компании за снабдување со електрична енергија и ги уценуваат авансно да плаќаат по 500 евра за мегаватчас.

- Државата не може да се меша, договорите се направени според либерализираниот пазар. Со Регулаторната комисија за енергетика дискутираме дали основот за раскинување е според Законот за облигациони односи и Законот за енергетика . Ако видиме дека има основ, секако Владата ќе реагира. Берзанските цени на електрична енергија паѓаат, рече Битиќи како одговор на новинарско прашање.

За разлика од големите компании, за домаќинствата и за малите потрошувачи вицепремиерот вели дека е обезбедена сигурна електрична енергија во наредните шест месеци. Државата за овие категории, како што вели тој, осигурувала „повластени цени“.

Слично

Поврзани вести