Битиќи уверува дека и по 1 јануари ќе имаме најевтина струја во регионот
И натаму ќе имаме најниска цена на струја во регионот, уверуваат од власта.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои од медиумите.
„Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба“, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка“.
Вели дека Владата се обидува да наоѓа системски решенија за електричната енергија.
На почетокот на месецот се споменуваше дека струјата ќе поскапи со 10 отсто. Изминативе години струјата поскапе во два наврати.
Слично
