Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Сега не е време за политички мегдан, верувам дека на 23 март ќе помнат законите за мерките

Битиќи: Сега не е време за политички мегдан, верувам дека на 23 март ќе помнат законите за мерките

Владата верува дека пратениците ќе имаат доблест на 23 март да ја изгласаат потребата од донесување на законите од петтиот антикризен пакет за тој што поскоро да стане функционален. Доколку е потребно, ќе се разговара и со пратениците од парламентарното мнозинство да се интервенира преку амандмани за да не се пропушти февруари како месец во кој би се искористиле мерките.

Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на емисијата „24 Анализа” на Телевизија 24.

„За жал, сега бидејќи се влезени во собраниска процедура, Владата не може да даде амандмани. Ние сеуште веруваме дека ќе има доблест на 23 март да поминат законите од петтиот пакет за да влезат во комисиска расправа и за неколку дена да се изгласа за февруари да не се пропушти како месец во кој би требало стопанственците да ја добијат помошта за да ги зачуваат работните места. Ако е нужно, ќе разговараме со сите наши пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата да предложат амандмани со кои би требало помошта во февруари да стигне“, рече Битиќи.

Истакна дека состојбата се следи и Владата соодветно ќе се одговори во секој момент. Доколку е потребно, ќе донесе нов пакет соодветни мерки кои ќе имаат најмало негативно влијание на секој чинител во општеството. Порача дека сега не е време за политички игри, туку за преовладување на разумот.

„Сметам дека разумот ќе преовладее затоа што во период на економска и здравствена криза не треба премногу политика да внесуваме. Ќе има време за политички мегдан. Сега е важно дали и како ќе ја поминеме економската и здравствената криза. Во овој момент не треба дневно-политички да калкулираме, туку да го направиме она што навистина би сакале да го направат другите за нас, кога ние би се нашле во истата ситуација“, рече Битиќи.

Слично

Поврзани вести