Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Нема да брзаме со платите на функционерите

Битиќи: Нема да брзаме со платите на функционерите

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по завршувањето на седницата на Економско Социјалниот Совет, која што заврши без конечен договор за концептот на пресметка на плати и додатоци на плати во јавниот сектор, во емисијата Вин Вин на Телма рече дека нема да се брза со корекцијата на платите на функционерите кои од минатиот месец се многу повисоки со фамозната одлука на Уставниот суд.

- Ние сме спремни, закажавме следната недела седница со економско-социјалниот совет и решение ќе најдеме, но решенија не се наоѓаат со реакција на одреден момент. Штетата може да биде поголема ако носиме одлука во реакција, отколку да седнеме и да најдеме одржливо решение, рече Битиќи.

Вицепремиерот рече и со големото зголеување во новата ситуација, платите на функционерите остануваат едни од најмалите споредбено со регионот и земјите од ЕУ.

- Ние не сме најдобро платени ни во регионот ни во ЕУ. Коефициент од 2,14 просечни плати е платата на премиерот, а просекот на ЕУ е 5, додека во регионот распонот е 4. Дури и со новото покачување таа ќе биде 3,7.

Среќен сум дека рековме дека преговараме и продолжуваме. Да предложиме договор со кој вистински ќе најдеме што е одржливо, како што најдовме системско решение за други проблеми, додаде тој.

Слично

Поврзани вести