Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Ќе има санкции, доколку автопатот Кичево - Охрид не се заврши навреме

Битиќи: Ќе има санкции, доколку автопатот Кичево - Охрид не се заврши навреме

Доколку втопатот Кичево – Охрид не биде завршен до 2024, рокот кој со анекс беше продолжен за негова доизградба, ќе има санкции за ненавремена реализација, најави вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Изградбата на автопатот започна во 2014 година а треба да биде готов до 31 декември 2024 година.

Според Битиќи „ќе има тешки санкции и последици за виновниците“, мислејќи и на изведувачите и на институциите.

Тој додаде дека пари има, но дека има друг проблем.

„Не се проблем парите за автопатот Кичево – Охрид, туку немањето на институционален капацитет за спроведување на проектите. Не сакам да барам алиби, кога го правевме последниот анекс за автопатот, тоа што го дискутиравме со изведувачите беше што ќе преземеме двете страни да исполниме за да можат да работат. Во јули 2021 година имаше 71 инфраструктурен проект неодобрени од страна на институциите“, рече Битиќи.


Слично

Поврзани вести