Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Една долгогодишна неправда ja исправаме, работникот да добие достоинствена плата

Битиќи: Една долгогодишна неправда ja исправаме, работникот да добие достоинствена плата

Минималната плата се зголеми за 12 процентни поени, што значи номинално ќе има повеќе средства за трошење, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Сител телевизија. Тој додаде дека не се согласува со пресметките дека растот на минималната плата ќе биде изгубен поради инфлацијата.

„Од аголот на вицепремиер, но и како граѓанин кој пред да влезе во политиката бев од другата страна, кога се борев со структура која ги плаќаше граѓаните како да се евтина работна сила можам да кажам дека работник што се продава за 10 илјади денари сметам дека е навистина жално за една држава“, кажа Битиќи.

Тој изјави дека до изборите во јули 2024 година веројатно со новата утврдена методологија ќе има минимална плата од 23 илјади денари. Вели дека ја исправаат неправдата, односно овозможуваат работниците да добијат достоинствена плата. 
Владата донесе одлука за зголемување на минималната плата на 20.175 денари. 

Слично

Поврзани вести