Битиќи: Да ги тргнеме маските па ќе зборуваме за рамковните вработувања
Тоа е горчлив проблем кој го зборуваме со години. Но сега не е време да се решава, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговорајќи на прашања денеска при неговата денешна посета на компанијата Хај Тек Корпорејшн. Вели дека ако го прашуваат него, процесот за рамковните вработувања ќе заврши уште утре, но вели дека тоа е процес кој веќе е започнат и не треба да се зборува сега во време на пандемија.
„Процесот е започнат и сметам дека денеска не треба да зборуваме во време на пандемија, во време на загрозеност на секое едно работно место, за црни сценарија. Ќе го преминеме овој период и мислам дека во првиот ден кога ќе дишеме слободно без маски, ќе почнеме да зборуваме за решавање на тој горчлив проблем што сите го зборуваме веќе неколку години, рече Битиќи
