Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата поскапувањето на електричната енергија е 7,4 проценти

Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата поскапувањето на електричната енергија е 7,4 проценти

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска на прес-конференција го соопшти зголемувањето на цените на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи со новите блок-тарифи од 1 јули.

За сметките во лето за 77,2 проценти ќе има 6,7 проценти покачување, најави Бислимовски.

- За 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена ќе се зголеми за 7,4 проценти, објави првиот регулатор.

Според блоковите, до потрошени  210 киловатчасови поскапувањето е 5,5 отсто, понатаму до 630 киловатчасови цената се зголемува за 10,3 проценти, до 1.050 повишувањето на цената продолжува со 18,3 отсто, а се што е над тоа ќе се плаќа со 138,7 отсто зголемување.

- Му благодарам на ЕСМ што обезбеди цена од 48 евра по мегаватчас и превземената покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа, додаде Бислимовски.



Слично

Поврзани вести