Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски уверува дека државата ќе спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти

Бислимовски уверува дека државата ќе спречи  струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти

Државата ќе спречи големо поскапување на струјата. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија.  Кажа дека постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.

„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, изјавил Бислимовски за емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.

Бислимовски изрази жалење што поскапувањето на струјата е неизбежно. Од Левица реагираа дека новото поскапување на струјата во јули ќе ја колабира државата. Пред неколку месеци струјата поскапе за 9.48 отсто. 

Слично

Поврзани вести