Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски: Со ДДВ-то од 10 отсто ќе се зголемат сметките на граѓаните

Бислимовски: Со ДДВ-то од 10 отсто ќе се зголемат сметките на граѓаните

Граѓаните сепак ќе плаќаат повисоки сметки за струја во новата година.  Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ), Марко Бислимовски во интервју за „Телма“ кажа дека треба да се анализира зголемувањето на ДДВ-то кое се најавува од 1 јануари.

„Со ДДВ-то од 10 отсто ќе се зголемат сметките на граѓаните, дури и без да порасне цената на струјата“, вели Бислимовски во интервјуто.

Бислимовски ги обвини општините кои за да плаќаат пониски сметки на несоодветен начин се префрлиле на регулиран пазар. Вели дека треба да ја подобрат ефикасноста во работењето, а не постојано да бараат помош. Претходно се споменуваше можно покачување на цената на струјата. 

Слично

Поврзани вести