Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски: Следната недела ќе решаваме за лиценцата на БЕГ производство

Бислимовски: Следната недела ќе решаваме за лиценцата на БЕГ производство

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека следната недела ќе се одржи седница на која ќе се одлучи дали ќе и се оидземе една од лиценците на Балкан Енерџи Груп - онаа за производство.

- Наредната недела ќе донесеме одлука да видиме како ќе го истераме целиот процес. Доколку се решиме на тој потег, РКЕ ја известува Владата и Владата распишува тендер, рече Бислимовски.

Кандидат за превземање на производството на топлинската енергија за граѓаните на главниот град би бил Адора Енерџи, која веќе ги купи двете топлани од Топлификација.

БЕГ има три лиценци: за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Според најавите, ќе се отвори постапка за одземање на првата, а другите две ќе останат. 

Бислимовски додаде дека поевтин природен гас од регионот би можела да плаќа во иднина единствено Србија и дека снабдувањето со овој енергенс најмногу го плаши првиот регулатор.

- Најмногу се плашам за гасот во целиот регион, освен за Србија. Гаспром не испорачува во Бугарија. Макпетрол ги има обезбедено количините до крајот на годината, но се плашам од геополитички влијанија кои можат да направат да имаме одреден проблеми, смета тој.

Проценките се дека нема да престане растот на цената на нафтата и нафтените деривати.

- Исклучително лоши се фјучерсите, не гледам светло во тунелот, исто е и со гасот. Не сум јас луд да покачувам цени ако нема потреба од такво нешто, наведе Бислимовски.

Уште еднаш потврди дека со воведувањето на четири блока за плаќање на сметките за електрична енергија, ќе се плаќа само разликата.

- Ако сте влезени во трет блок, не ја плаќате цела потрошувачка како за трет блок, туку само разликата преостаната по излегувањето од вториот блок, појасни тој.



Слично

Поврзани вести