Бислимовски, Реџепи и Арсиќ бараат трговци за снабдувањето со природен гас на Македонија
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, заедно со директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, и првиот човек на АД ГА-МА, Александар Арсиќ, во Стопанската комора на Северна Македонија ги поканија сите заинтересирани трговци од 1 јануари 2023 со либерализирањето на пазарот да се вклучат во снабдувањето на земјата со природен гас.
Од 1 јануари, како што рекоа тројцата челници, завршува ексклузивното право единствено да се користи гасот на „Газпром“, со проширувањето на капацитетот од бугарската страна.
Бислимовски, Реџепи и Арсиќ заедно со членови на УСАИД пред претставниците на заинтересираните страни ги презентираа подзаконските акти за либерализацијата, поднесени во РКЕ.
„Испораката со природен гас од 1 јануари треба да продолжи, ќе постојат нови правила, во кои ќе бидат инплементирани и вашите забелешки. Ова е инклузивен процес со најдобри решенија. Ниту трговците, ниту снабдувачите нема да превземаат ризици, а и за потрошувачите ќе се испрати сигнал да водат сметка за својата потрошувачка на гас.
Приватниот сектор се придржува до својата најавена потрошувачка, но има државни институции кои не внимаваат, и тие ќе бидат казнети. При тоа во целиот овој процес РКЕ и ГА=-МА и НЕР имаат целосна подршка од Европската комисија, од Енергетската заедница и од САД и нивната амабасада во изготвувањето на овие подзаконски акти со екперти финансирани од САД“, рече Бислимовски.
Досегашниот снабдувач „Макпетрол“ претходно објави дека нема да учествува во снабдувањето со природен гас на земјата од 1 јануари, како што велат од таму, поради нејасни и избрзани нови правила. Министерот за економија Крешник Бектеши, овој потег го искоментира како неодговорен.
