Бислимовски: Преносот на струја во сметките го плаќаме 143 евра за мегаватчас
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, рече дека цената од 48 евра за мегаватчас што ЕСМ му ја продава на ЕВН е за енергијата, додека преносот како посебно издвоена ставка во сметките за струја за домаќинствата и малите потрошувачи е 143 евра за мегаватчас.
Според Бислимовски, со цената од 143 евра за мегаватчас се покриваат загубите во мрежата и затоа ставка за пренос во сметките е поголема од ставката за потрошувачка на енергија. Бислимовски сепак тврди дека груб збор би било загубите во мрежата да се нарекуваат кражби на струја и тие оваа година изнесуваат 12,4 проценти од вкупното количество на електрична енергија.
- 143 евра е набавката на електрична енергија за загуби по мегаватчас. Во 2022 процентот е намален, 12,4 проценти е, проблемот е што загубите се 143 евра. Доколку беа по цена од 65 евра, на пример, тогаш мрежарината ќе беше пониска за 45 проценти.
Од 11 до 13 проценти изнесуваат загубите на годишно ниво и едно од побитните . 35 киловолтното напонско ниво треба да замени и ќе правиме притисок на (ЕВН) Електродистрибуција загубата да се намали, рече Биуслимовски
Првиот човек на РКЕ рече дека цената од 143 евра си ја определува ЕСМ.
- Набавната цена на загубите е толку, доколку оваа цена би била 65 евра, ќе треба тогаш од буџетот на државата да се даваат пари. ЕСМ се јави на тендерот на Електродистрибуција со 143 евра, а ако не се јавеше, цените ќе беа од 400 до 500 евра ЕВН, додава тој.
Податоците на Бислимовски се дека ЕСМ има многу поголеми трошоци отколку приходите што ги добива од продажната цена и тоа е најава дека од јануари изгледите се дека ќе има ново поскапување.
- Според информациите кои ги имам јас во јули август беше 68 67 евра јули и август, но дали ќе има потреба за зголемување, ќе видиме како ќе биде. Ќе видиме кои мерки ќе ги превземе ЕУ за трајна граница за електрична енергија и природниот гас. Ќе видиме дали ќе има трајна граница или одредени ограничувања, најави претседателот на РКЕ.
