Бислимовски: Најголеми субвенции за струја за домаќинствата со приходи колку потрошувачката кошница
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетик, вели дека субвенциите за домаќинствата за електрична енергија кои ќе му се исплаќаат директно на операторот, ќе бидат најголеми за оние домаќинства кои имаат помали вкупни прихгоди од месечната потрошувачка кошница.
- Тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субевенција од државата. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, оваа субеција ќе се намалува, а тие домаќинства кои немаат проблем со плаќањето на електричната енергија нема да добиваат субвенција од државата. Како статиустика ќе ја земаме предвид потрошувачката кошничка. Тие домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кочничка ќе добиваат најголема субвенција. Но мора да се повикуваме на статистички податоци. - изјави Бислимовски во „Студио 10“
Тој најави дека цената на електрична енергија ќе биде иста за сите домаќинства, но тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субевенција од државата, тврди првиот човек на регулаторното тело.