Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски: Фотоелектраните ќе треба да си набават батерии што поскоро

Бислимовски: Фотоелектраните ќе треба да си набават батерии што поскоро

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешната прес-конференција им порача на сопствениците на фотоелектричните централи и на електраните кои работат на други обновливи извори на енергија дека годинава ќе треба да инсталираат батерии кои ќе ја чуваат струјата со цел да не се прават дебаланси.

Бислимовски најави дека за таа цел ќе се менуваат подзаконските акти со МЕПСО во наредниот период. Бетериите сепак ќе претставуваат извесен трошок за инвеститорите во борбата што побргу да се извлече земјата од енергетската криза. 

- Како технологија, батериите се скапи и може да го зголеми трошокот за 20 до 30 проценти, но има субвенции кои ќе ја намалат разликата. Ако гледате еден прпизводител - фотоволтаик, тој треба да достави номинација како ќе му биде производството и ако не се држи до тоа производство,. ќе влезе во дебаланс и тоа многу повеќе ќе го чини отколку инсталирањето на батериите, кои даваат стабилност, рече првиот човек на РКЕ.

Според Бислимовски, батериите „ќе го израмнат дијаграмот на производство“, а на тој начин и ќе се намали ризиокот од потенцијални трошоци за балансирање на грбот на ЕСМ.  Тој додаде дека, според проценките, една батерија треба да биде од 10 до 20 отсто од капацитетот на електраната.

Електраните од обновливи извори на енергија изградени во 2022 треба да произведуваат милијарда киловатчасови на годишно ниво. РКЕ во 2022 има издадено 267 лиценци за такви централи. Најмногу - со капацитет од 106,5 мегавати, се фотоволтаици, 

- Споредено со 2021 вкупниот инсталиран капацитет е зголемен за 7 проценти. Инсталираниот капацитет на електрани одговара на инсталираниот капацитет на ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Света Петка и ветерниот парк Богданци. Оваа произведена електрична енергија од новоизградените електрани може да снабди 65.700 домаќинства, или шест града какао Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Свети Николе, наведе Бислимовски.

Тој најавува во 2023 централи од 250-300 мегавати со кои компаниите ќе си ги намалат трошоците, а државата ќе се подослободи од енергетската зависност.


Слично

Поврзани вести