Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски: Денеска одев по скали и не пуштаме клима-уреди

Бислимовски: Денеска одев по скали и не пуштаме клима-уреди

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, која ги одобрува цените на електричната енергија на регулираниот пазар, пред медиумите рече дека и неговата институција ги превзема сите чекори со мерките за штедење кои стапуваат на сила од денеска.

Рече дека дал и личен пример со тоа што не го користел лифтот, туку дошол на работното место по степеници.

- Денеска дојдов по скали на работа, а имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате, светлото е ограничено, немаме вклучено разладување. Така, апсолутно сите мерки кои што се за штедење ќе ги превземеме и тие не се мерки кои што ги превзема само Македонија, туку и соседните земји и земји од ЕУ, рече Бислимовски пред новинарите.

Регулаторната комисија за енергетика прес-конференцијата ја одржуваше во своите простории, а од денеска сите државни институции на централно и локално ниво треба да ја намалат потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто.

Слично

Поврзани вести