Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бислимовски: Aпелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава

Бислимовски: Aпелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави денеска за МИА претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

-Знаеме дека веќе се преземаат сериозни активности, и дека во услови каде што има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но, уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава, изјави Бислимоски.

Тој напомена дека веќе во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но апелира за преземање на дополнителни мерки. Во југозападниот дел на Македонија вчера немаше струја поради снежното време. 

Слично

Поврзани вести