Бислимовски: Земјава 100 проценти од потребите за природен гас ги обезбедува од Русија и е 100 процентно зависна
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека земјава 100 проценти од потребите за природен гас ги обезбедува од Русија и е 100 процентно зависна исто како и Молдавија и Босна и Херцеговина и затоа не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас.
Ако се откажеме од гасот, вели ќе треба да се грееме на мазут.
„Покрај тоа, сите компании кои го прават најголемиот извоз во државата користат природен гас. Таа ситуација би претставувала сериозен проблем за работењето на овие компании. Затоа сметам дека во вој момент не можеме да се откажеме од природниот гас, бидејќи реално не веруваме дека има алтернатива и не може во овој момент да има алтернатива, рече Бислимоски во емисијата Топ тема на ТВ Телма.
Откажувањето од рускиот природен гас, како што кажа, ќе предизвика сериозен удар врз македонската економија. Вели дека не се осудува да прогнозира колкава ќе биде цената на гасот во иднина.
