Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИСЛИМОСКИ: БЕВМЕ КРЕАТИВНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГО ОСЕТАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ДДВ, малите компании ќе добијат пониска цена за струја

БИСЛИМОСКИ: БЕВМЕ КРЕАТИВНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГО ОСЕТАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ДДВ, малите компании ќе добијат пониска цена за струја

Регулаторна комисија за енергетика ги намалување цените на електирчната енергија за следната 2023 година, но како што појасни претседателот на РКЕ Марко Бислимоски,  сметките кај домаќинствата во просек ќе останат на слично ниво поради зголемувањето на Данокот на додадена вреднсот кој од следата година наместо 5, ќе се пресметува по 10 проценти. 

-  Веќе влегуваме во трета година од најголемата криза во Европа, и имаше периоди кога носевме тешки одлуки, потребни за стабилизирање на енергетскиот сектор заради неивестирање 30 години. Секторот е стабилизиран, домашното производство е зголемено за 26 процнети, што ни дава добра основа да донесеме одлуки за одлични цени за електрична енергија за компанијиите и за домаќинствата. Кога ги носевме одлуките ги земавме предвид сигурноста и стабилнсота, но и заштитата на животната средина и на животниот стандард на грѓаните и сигналот кој го пратија домаќинствата и компаниите. Како што кажавме со оваа одлука ќе им помогнеме на млите потрошувачи кои се на регулиран пазар. Вкупната цена на малите потрошувачи од први јануари се намалува за 20,15 проценти. Оваа цена ќе се применува за 70 илјади компании во државата кои во изминатиов период се соочија со зголемени трошоци за електрична енергија, што ќе донесе значително намалување на трошоци за струја. Тоа се мали дуќани, фризерници, мали компании на кои им треба нашата помош. Затоа цената за нив се намалува - објасни Бислимоски.

Претседателот на РКЕ ги истакна и новите цени за домаќиниствата, посочувајќи дека тоа се цени без вкалкулиран ДДВ. 

РКЕ начелно ги намалува и цените за домаќинствата, при што цената на електирчна енергија за прв блок ќе има намалување од 4,11 проценти. За потрошувачие од вторито блок намалувањето е 2,95 процнети, кај третиот блок има зголемвуање од 0,85 процнети, додека кај четвртиот блок исто така зголемвуање од 7,65 проценти.

- Кај најголем дел од домаќинствата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолажат домаќинствата да штедат многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци за електрична енергија. Тоа се конкретни мерки кои ќе помогне да им се намали животниот стандард. Според наши пресметки ќе имаме намлување на цента за пренос за 8,66 проценти, за дистрибуција за 19,54 проценти. Тоа е дополнителна помош и за компаниите кои се на слободен пазар на електрична енергија, затоа што нивните трошоци за мрежарина се намалуваат речиси за 20 проценти, што е исто така многу битно, за што во изминатиот период имаше бурни реакции - дополни Бислимоски.

Претседателот на РКЕ потенцираше дека вкупната цена што ја праќаат потрошувачите е збир од цена за електрична енеригја и цената на мржарината. За појаснување, досега во прв блок вкупната цена била 7,72 денари за киловатчас, а по нова година таа ќе биде 7,41 денар, што е за 4,11 проценти пониска од претходната вкупна цена.

Во вториот блок вкупната цена досега изнесувала 8,08 денари, по нова година ќе биде 7,84 денари, или 2,95 проценти пониска.

Во третиот блок има раст, досегашанта цена изнесувала 8,66 денари, од 1 јануар ќе изнесува 8,74 денари, додека пак во четвртиот блок, цената од 17,48 денари ќе се зголеми на 18,81 денар. 

Евтина тарифа која сега изнесува 3,89 денари, од следниот месец ќе изнесува 4 денари.

- Со проемните, цената на електричната енергија за мали потрошувачи претходно изнесуваше 17,19 денари, сега ќе биде 13,73 денари. Евтината претходно 13,51 денар, сега 10,78 денари. Во време на енергетска криза направивме максимален напор да им помгнема на сите наши граѓани и малото стопанство на 70 илјади наши компании. Ова се цени без ДДВ. Како што знаете ДДВ то ќе се зголеми од 5 на 10 отсто, и тоа во апсолутен износ е 4,72 проценти. Претходно кажувавме дека ќе бидеме креативни, за да може ова зголемување на ДДВ да не го осетат граѓаните, тоа го направивме со намалување на цените во првиот и вториот блок. Барањата на компаните се долумно прифатени, но има и одредени категории, кои се викаат фактори на корекција кои ги имплементиравме во оваа одлука, со цел да имаме намалување на цената на мрежарина, но и на дистрибуцијата - потенцира Бислимоски.

Според него, зависно од потрошувачката граѓаните кои спаѓаат во прв блок ќе имаат речиси идентични сметки ради зголемвуањето на ДДВто. 

- Домаќинства кои ќе бидат во рамки на првите три блока ќе нема скоро никакво влијание зголемвуање на сметктие. Сега цените се определуваат за секој блок посебно според нашите калукулации, со количини на електрична енергија кои ни се доставени од ЕВН Хоум просечна цена за домаќиниствата е 98 евра за мегават час. Сега имаме структура по блокови, секој различно троши, сите кои ќе трошат помалку ќе имаат и намалување на цената на електричната енергија, со растот на ДДВ растот на сметктие ќе биде минимален. Дури 99,2 проценти од домаќинствата се во некои од првите три блока. Притоа околу 50 - 60 отсто се во 1 блок, додека 20-тина проценти во втор блок и осатокот од 98 отсто до домаќинствата во третиот блок. За да не се почуствува зголемвуњето на ДДВ то ги намаливме цените на преносот - појаснува Бислимоски. 

Слично

Поврзани вести