Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бирократија, даночно оптоварување и недоволно реформи ја попречуваат обновата на Европа

Бирократија, даночно оптоварување и недоволно реформи ја попречуваат обновата на Европа
Каматите во еврозоната уште долго време ќе останат ниски како резултат на тројната комбинација од недоволни реформи, бирократија и даночно оптоварување ја попречува обновата на Европа. Ова во интервју за германскиот весник „Хенделсблат“ го истакна Марио Драги, претседател на Европската централна банка. Тој ги повика лидерите на европските влади да применат ефективни структурни реформи бидејќи доколку овој проблем не биде решен економскиот раст на земјите во Унијата ќе биде слаб потенцирајќи притоа дека даночниот товар на Европа е најголем во светот. „Овој фактор е пречка за конкурентност и сите земји во еврозоната, вклучувајќи ја и Германија и затоа веднаш треба да преземат мерки за спречување на ваквата понатамошна тенденција“, истакна Марио Драги. Тој ги повика да бидат зголемени инвестициите, претежно во истражувањето, образованието и дигитализација. “Другите трошоци, како и даноците, треба да бидат намалени”, рече Драги кој подвлече дека на еврозоната повторно се заканува опасност од спирална дефлација, што би ја отежнало исплатата на обврските и која ќе делува на потрошувачката и корпоративните инвестиции. Претседателот на ЕЦБ најави дека институцијата може да започне наскоро да откупува државни обврзници.  
Слично

Поврзани вести