Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИРН: Вицепремиерот Пешевски директор на кипарски оф-шор

БИРН: Вицепремиерот Пешевски директор на кипарски оф-шор

Истражувањето на БИРН открива дека директорот на кипарската компанија „Фертисимо“ е навистина вицепремиерот Владимир Пешевски.

Компанијата е сѐ уште активна и тој, иако во меѓувреме стана и вицепремиер, е сѐ уште директор. Вицепремиерот Владимир Пешевски раководи со фирмата „Фертисимо инвестмент лимитед“ лоцирана во даночниот рај, во Никозија, Кипар.

Тој ја отворил фирмата во април 2006 година, додека бил генерален менаџер на СЕАФ - Меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции во приватни компании на Балканот, а воедно бил и главен инвестициски советник при продажбата на неколку српски и косовски компании на странски инвеститори.Документите до кои дојде БИРН за оваа оф-шор компанија ги потврди и самиот Пешевски.

Тој вели дека во тоа време не бил активен во политиката, ниту пак, планирал политички ангажман, и не гледал ништо спорно во формирање на фирмата која му била потребна за дополнителните консултантски услуги кои ги правел надвор од СЕАФ.

Целото истражување прочитаjте го овде!

Слично

Поврзани вести