Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИО ГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА БИО ЕНТЕРПРАЈЗ РАБОТИ СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ

БИО ГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА БИО ЕНТЕРПРАЈЗ РАБОТИ СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ

Био гасната електрана на Централинвест, ,,Био ентерпрајз”, работи со полн капацитет, со својата инсталирана моќност од 2 мегавати.

Обезбедува континуирано производство на електрична енергија во текот на 24 часа во денот и е значаен извор на базна енергија во рамките на портфолиото на ФЕРОИНВЕСТ/Централинвест, во кое има различни електрани на обновливи извори: на вода, сонце и биогас.

Во електраната е вградена најсовремена опрема со која целиот процес е автоматизиран.

Во електраната се вработени 20 лица, дел ангажирани на оперирање со електраната, а дел на поготовка на погонското гориво-силажа и отпад, што подразбира ангажираност во земјоделски и други работи.

Овој тип на електрани произведуваат електрична енергија од органски отпад, со тоа ја чистат околината, а како нус производ е топлинска енергија за оранжерии и ѓубриво за земјоделието, што значи дека придобивката од овие капацитети е повеќекратна.


Пр објава

Слично

Поврзани вести