Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билјана Василева Трендафилова, МТВ: Луѓето сакаат државата да функционира!

Билјана Василева Трендафилова, МТВ: Луѓето сакаат државата да функционира!
Буџет треба да има и добро за сите во земјата е ако тој се донесе до 31ви декември. Како граѓанин, а потоа и како новинар сметам дека за сите структури е штетно ако државата остане без донесена државна каса  и биде принудена на времено финансирање. Ја разбирам политичката битка, но не се согласувам дека таа треба да се скрши врз грбот на граѓаните. Како новинар кој ги следи економските скучувања,  сметам дека треба да се дебатира за трошењето на државните пари, но не значи дека со помала потрошувачка ќе се излезе побрзо од кризата. Напротив, зголемувањето на јавната потрошувачка може да го зголеми растот и да отвори нови работни места. Праксата покажува дека многу држави излегле од криза со повеќе трошење, а не со повеќе штедење. Во овие кризни времиња фокусот треба да биде како побрзо да се надминат последиците што таа ги носи, а не  цела држава да биде сведок на театарска претстава во Парламентот, што секако е лоша слика за Македонија. Двете страни треба да најдат компромис, бидејќи политичарите се избрани од народот, а тој не заслужува да биде заложник на нечесни игри. Луѓето сакаат државата да функционира, а состојбата ќе се усложни ако тензиите продолжат и не се најде взаемно прифатливо решение. Ако навреме не биде изгласана пресметката за владините проекции на приходите и расходите очекувано е економската активност да забави. Очекувам политичарите да  смогнат сили и да не прават циркус,  а во 2013-та Македонија да влезе со усвоен буџет. Билјана Василева Трендафилова, МТВ Фактор ќе ви ги претстави различните мислења на дел од македонските новинари во однос на случувањата околу Буџетот. За Фактор, пишуваат новинарските пера од повеќе македонски медиуми, секој со свој став за она што деновиве се случува во Собранието. Разноликоста на перцепциите и предвидувањата носат интересен поглед, а можеби и интересни солуции за излез од пат позицијата во која заглавија власта и опозицијата. Не мора да значи дека ставовите на новинарите ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската дебата.
Слично

Поврзани вести