Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билјана Петковска: Во демократскиот свет ваква пресуда е незамислива и нецивилизациска!

Билјана Петковска: Во демократскиот свет ваква пресуда е незамислива и нецивилизациска!

Дел од македонските новинари денеска накусо ги објаснуваат своите стојалишта во врска со „случајот Кежаровски“ и можните импликации што тој со себе ги носи.

Билјана Петковска, МИМ:

Македонија е најлошо рангираната држава во поглед на слободата на медиумите од сите земји во регионот и во Европа и поради фактот што неполни две години има новинар во притвор, кој  сега и правосилно е осуден на затворска казна затоа што објавил информации за злоупотреби и неправилности на институциите. И наместо власта да ги бара и да ги санкционира виновниците кои се одговорни за она за што тој пишувал, таа го казнува Кежаровски зошто го објавил тоа. А сето ова започнува дури пет години по објавувањето на „спорниот“текст поради кој формално е осуден, но само два месеци после мистериозната  смрт на Никола  Младенов, за што тој истражуваше и пишуваше.

Судиите  што ја донесоа срамната пресуда за Кежаровски и нивните наредбодавачи од власта треба да се преиспитаат до кога со вакви скандалозни и апсурдни постапки ќе го уриваат угледот на Р.Македонија во светот и достоинството на нејзините граѓани. Ниту една скапо платена реклама на светските медиуми не може да го амортизира контраефектот од веста за осудениот новинар, бидејќи во демократскиот дел од светот вакво нешто е незамисливо и се смета за нецивилизирано.

Но, Кежаровски е силен и храбар и верувам дека таков ќе остане до крајот, а со него се сите колеги-новинари и граѓани кои размислуваат со своја глава и веруваат во правдата и во слободата. А кога-тогаш оваа неправда мора да добие судска разрешница со која ќе се потврди дека Кежаровски е невин, а институциите конечно ќе се фокусираат врз проблемот за кој пишувал.

Слично

Поврзани вести