Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билимовски: Не може да се очекува загревање на стан од 24-25 степени

Билимовски: Не може да се очекува загревање на стан од 24-25 степени

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, во емисијата „Отворено“ на 24 Вести рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагорие.

„Навечер ќе има парно, сигурно тоа гоп следат од ЕСМ и ако е температората под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената.

Знам дека постои одреднео незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени.  Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури“, рече Бислимовски.

Тој напомена дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

„Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Вкалкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите“, наведе првиот регулатор.


ЕСм продажав веќе им обезбедува струја на болниците и е пониска далеку пониска од пазарната цена. ЕСМ Продажба ќе биде конкуренција на слободниот пазар, мора да го научиме, започма изминативе години, но треба да биде конкурентен.


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија – изјави денеска премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.


Слично

Поврзани вести