Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биле на екскурзија во Грција, а сега мораат во карантин

Биле на екскурзија во Грција, а сега мораат во карантин

Словенечките матуранти кои биле на екскурзија во Грција, по враќањето дома завршиле во карантин. 

Тоа се матуранти кои во средината на месецот беа во грчките одморалишта, главно на островот Крф. 

„Меѓу нив, 42 позитивни на коронавирус веќе се потврдени, а 10-дневен карантин е одреден за повеќе од 600 лица, вклучително и контактите кои ги имале во Словенија. Очекуваме сите организатори на вакви екскурзии да се вразумат и конечно да разберат дека земјите од црвената листа се опасни“, изјави Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Се очекува од туристичките агенции  да не ја загрозат епидемиолошката состојба во Словенија. Во земјата расте бројот на заразени. Во Словенија за 24 часа се потврдени 477 нови случаи на коронавирус, односно секој петти тест е позитивен, со значително зголемување на бројот на новозаразени и хоспитализирани во споредба со минатата недела.

Слично

Поврзани вести