Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Билд”: Меркел да ја исфрли Грција од еврозоната

“Билд”: Меркел да ја исфрли Грција од еврозоната

Германската канцеларка Ангела Меркел треба да и предложи на Грција дел од нејзиниот долг да биде поедноставен, но земјата да ја напушти еврозоната.

Ова го пишува најтиражниот германски таблоид "Билд".

Изданието ја советува канцеларката да нема нов пакет финансиска помош за Грција, бидејќи Германците повеќе немаат желба да учествуваат во ново кредитирање на грчкиот систем.

Според изданието Ангела Меркел треба да се стреми да понуди простување на дел од долгот и да ги повика ЕУ да им помогнат  на Грците преку хуманитарна помош, а за обновување на економијата Грција да може да ги користи европските фондови.

Според "Билд" враќањето на драхмата е корисно во долг рок, бидејќи слабата валута ќе помогне за грчкиот извоз и ќе го зголеми бројот на туристите. Ова, за возврат ќе доведе до отворање на нови работни места.

Слично

Поврзани вести