Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билансот на загинати полицајци расте, бројот се искачи на 8!

Билансот на загинати полицајци расте, бројот се искачи на 8!

Билансот на загинати припадници на безбедносните сили се зголемува.

Во моментов бројот се зголеми на осум лица.

Според некои медиуми засега огнот во кумановската „Дива Населба“ е прекинат.

МВР официјално соопшти за  пет загинати и триесет повредени лица од страна на полициските сили, а за цивилните жртви за кои постојано се шпекулира полицијата синоќа информираше дека немаат информации за загинати.

За во 17 ч претседателот Ѓорѓе Иванов свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав. Освен членовите на Советот за безбедност, Иванов на седница, како што се нагласува од неговиот Кабинет, согласно со Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

По завршувањето на седницата, од претседателскиот Кабинет најавија дека Иванов ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести