БИЛАНСИТЕ НА КАРФУР: Двегодишната милионска загуба тревога за фирмите!
Иако голем дел од компаниите што останаа заглавени во Карфур сега преку суд ќе си ги бараат своите побарувања, јасно е дека тој процес нема да оди лесно, особено што како оштетени се јавуваат повеќе десетици компании од трговскиот и прехранбениот сектор.
Стопанските комори побараа помош од Владата, иако е нејасно каква би била тука улогата на владините институции, доколку се покаже дека станува збор за чисто економски причини во пропаѓањето на Карфур.
Сепак билансите на компанијата покажуваат дека за таа работа можеле да се погрижат уште порано сите инволвирани страни со оглед дека уште во првите две години од работата Карфур покажал милионски загуби.
Слично
