Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биљали: Крајот на оваа власт е сосем близу

Биљали: Крајот на оваа власт е сосем близу
Кај диктаторите функционира само јазикот на стравот. Тие владеат со страв оти самите се кукавици и плашливци, вели за Фактор, Мерсел Биљали, политички аналитичар. Тоа се евтини трикови на власт која по секоја цена сака гола власт само поради себе. Секому сега му е јасно дека апсурдно е кога со толкава жештина и инает ќе ги протуркате законите и другите решенија и наеднаш станувате великодушни, кооперативни, попустливи. Тоа покажува дена и самите не верувате дека донесувате здрави одлуки, но тоа го правите за голи политички цели за да можете да го контролирате секое поле од јавниот и приватниот зивот. Но, кога ќе се соочите со стравот одите на другата крајност. Кај диктаторите функционира само јазикот на стравот. Тие владеат со страв оти самите се кукавици и плашливци. Мислам дека крајот е сосема близу. На власта која гази на деветата година од своето владеење, единствени резултати се - двојно задолжување и двоен пад на стандардот.
Слично

Поврзани вести