БИЛА РАЈ ЗА БАНКАРИ: Кој сега најмногу се плаши од економијата на оваа земја?
Франција и Велика Британија имаат најголема кредитна изложеност спрема Турција, покажуваат податоците на турската централна банка од крајот на минатата година.
Од друга страна, банките како Уникредит, BBVA и HSBC имаат најраспространет бизнис или инвестиции во Турција.
Изложеноста на француските банки е околу 40 милијарди долари, што е повеќе од дупло во однос на изложеноста на САД.
Странските банки имале значајни вложувања во Турција, поради што наголемо се изложени на секое нишање на довербата во услови кога таа земја ја „чисти“ полицијата, војската и судството после неуспешниот обид за воен пуч, јави Ројтерс.
Турската економија, која некогаш е доживувана како атрактивен пазар со силен економски раст и млада популација, неодамна почна да се забавува, додека поедини европски банки се обиделе да го напуштат турскиот пазар.
Британската банка HSBC во февруари се откажала од планираната продажба на бизниси во Турција поради пристигнатите ниски понуди, а Ројтерс во јуни извести, повикувајќи се на четири извори од банкарскиот сектор, дека Sberbank, најголемата руска банка, разгледува продажба на турскиот огранок Deniz банка, но од Sberbank негирале такви шпекулации.
