Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил сам свој газда, а денес проси за парче леб

Бил сам свој газда, а денес проси за парче леб

Милорад Чириќ од Ниш, Србија порано бил сам свој газда, а денес проси за леб и е со нарушено здравје. 

Во текот на својот живот живеел во Хрватска, Црна Гора, ширум Србија, а сега е во Ниш. 

Сега е без примања, чека социјална помош и проси во Обреновиќевата улица во Ниш. 

Нему му е потребна електро-моторна количка, затоа што за обичната механичка му требаат две здрави раце, а тој ги нема. 

Во Хрватска во Чаковац имал свој автомеханичарски сервис, а потоа неколку години пред војната имал такси и добро заработувал за живот. 

Во 1997 година се вратил во Ниш, но бидејќи не нашол работа, заминал за Грција каде работел како градежник и земјоделец по што заштедил пари за да купи камион. 

Но, работењето со камионот траело до 2000 година кога сето тоа завршило и морал да се сели за Нови Сад, па оттука за Црна Гора за да работи како градежник. 

„Работев сешто за да преживеам во животот, а немам никаква документација за работен стаж. Најголем дел остана во Хрватска. Пред 3 години поднесов барање за инвалидска пензија, но од тоа немам ништо“ - вели Чириќ. 

Тој сега живее во изнајмена соба и се надева дека надлежните ќе му помогнат. 

Слично

Поврзани вести