Бил Павлески: Проектите на Субрата Рој не се откажани!
Проектите на индискиот бизнисмен Субрата Рој во Македонија и натаму остануваат и покрај тоа што Рој е уапсен во Индија и го очекува судење за измама тешка 4 милијарди долари, уверува министерот за странсмки инвестиции Бил Павлески.
Тој вели дека Владата будно го следи развојот на настаните во Индија, иако верува дека случајот со Индиецот нема да му наштети на имиџот на земјава пред сериозните странски инвеститори.
„Ние сериозно ги гледаме работите што се случуваат, а посебно делот на бизнисот што ќе се спроведе овде кај нас. Меѓутоа тие работи треба да се докажат во матичната земја каде што се случуваат и секако не влегуваме во некои работи кои што не треба да се направат, така што сериозно ги следиме настаните што таму се случуваат", изјави Павлески.
Ова е прв официјален став на претставник на македонската Влада по апсењето на Рој. Павлески вели дека и покрај отстапките направени за индискиот бизнисмен да инвестира во Македонија, нема опасност да бидат измамени макеоднски граѓани.
Слично
