Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛ ГЕЈТС СЕ ЛИЗНА ОД ТРОНОТ: Сопственикот на „Zara“ повторно најбогат човек во светот

БИЛ ГЕЈТС СЕ ЛИЗНА ОД ТРОНОТ: Сопственикот на „Zara“ повторно најбогат човек во светот

Амансио Ортега, шпанскиот гениј во продажбата на мало, сопственик на синџирот Zara, надминувајќи го кооосновачот на Microsoft Бил Гејтс вчера повторно стана најбогат човек во светот.

Акциите на бизнисот на Inditex - компанијата-мајка, која ја поседува Zara, Bershka, Massimo Dutti и Pull & Bear, во средата поскапеа за 2,5%, зголемувајки ја неговата состојба со 1,7 милијарди долари.

Така Ортега веќе поседува 79,5 милијарди долари, а состојбата на Гејтс е 78,5 милијарди долари, станува јасно од рејтингот на Forbes World's Billionaire.

И покрај неверојатната состојба која ја поседува Ортега, многу луѓе никогаш не слушнале за него. 80-годишниот Шпанец жестоко го чува приватниот живот и имал само неколку интервјуа за печатот.

Ортега и неговата втора сопруга живеат во дискретна зграда во стан во Ла Коруња, Шпанија, во близина на големо пристаниште на Атлантскиот Океан.

Сопственикот на Zara, исто така го купил највисокиот облакодер во Шпанија, Торе Пикасо во Мадрид, зградата чини 536 милиони долари. Тој е сопственик и на The Epic Residences and Hotel во Мајами, кој се смета за еден од најдобрите и луксузни хотели во САД.

Војвотката на Кембриџ Кејт Мидлтон е голем фан на дизајнот на Zara и често се фотографира во облека на брендот.

Аманисио Ортега е сопственик на Inditex која обединува повеќе од 6750 продавници и поседува познати брендови како Zara, Oysho, Massimo Dutti, Bershka, Pull & Bear, Zara Home, Stradivarius и Uterqüe.

Брендовите на Ортега потпираат на средната класа и не се обидуваат да завладеат со пазарот на луксузна облека. Оваа стратегија се исплатеше добро.

Сега производителите на луксузни стоки доживуваат тешки времиња, поради економската ситуација во Кина, имено забавувањето на побарувачката во Кина и Хонг Конг.

Во земјата, која неодамна излезе од рецесија, која уништи претпријатија и работни места, Ортега е редок магнат. Синот на железнички работник започнува професионален живот на 14 години, како снабдувач во северниот град Ла Коруња.

Во рок од неколку години тој започнува да прави ноќница, долна облека и бебешка облека и првата Zara ја отвора во Шпанија во 1975 година.

Ортега никогаш не дава интервјуа и ретко се снима. Тој е убедлив и ентузијастички бизнисмен кој покрај постепеното предавање на управувањето на Zara во последната деценија, продолжува да биде активен дел од неа, велат луѓето запознаени со активностите на Inditex. Светската ранглиста на списанието Forbes на милијардери во реално време е различна од годишната листа на списанието. Дневното ажурирање на финансиската состојба на најбогатите луѓе во светот е врз основа на вредноста на акции и други хартии од вредност кои се во сопственост на бизнисмените.

Слично

Поврзани вести