Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс не е веќе најбогатиот човек на светот?

Бил Гејтс не е веќе најбогатиот човек на светот?

Најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс наскоро би можел титулата да ја препушти на некој друг. 

Веќе идната недела од тронот може да го симне Џеф Безос, основачот на Амазон. 

Акциите на Амазон се зголемија за една третина и минатата недела надминаа 1000 долари. 

Безос кој поседува 17% од акциите на компанијата наскоро ќе го надмине Гејтс. 

Оваа година заработил над 20 милијарди долари, а вкупно има 86 милијарди долари. 

Бил Гејтс има 89.9 милијарди долари. 

Амазон е основна во 1994 година и е четврта највредна компанија во светот. 

Ако Гејтс падне од првата позиција, тешко ќе може да се поврати. 

Слично

Поврзани вести