Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс: Моите деца нема да видат ни цент од парите кои ги заработив

Бил Гејтс: Моите деца  нема да видат ни цент од парите кои ги заработив

Бил Гејтс еден од најбогатите луѓе на светот вели дека неговите деца нема да видат ниту цент од 80 милијарди долари кои ги заработил. 

Тој има три деца и вели дека тие знаат за оваа негова одлука и ја почитуваат. 

Шефот на Мајкрософт изјави дека богатството ќе го донира во хуманитарни цели. 

„На моите деца им обезбедив школување и им дадов можност да направат врвна кариера. Секако, добиваат и малку пари, но сум убеден дека се способни да заработат за живот“ - рече Гејтс. 

Тој смета дека е многу лошо децата да се потпираат на големо богатство. 

Вели дека децата ја оправдуваат неговата одлука затоа што парите служат воедно и за да им се помогне на сиромашните луѓе. 



Слично

Поврзани вести