Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс има шанси да стане првиот трилијардер на светот

Бил Гејтс има шанси да стане првиот трилијардер на светот

Бил Гејтс, основачот на Microsoft, не само што со години е еден од најбогатите луѓе на планетата, туку се предвидува дека за 25 години ќе прерасне во првиот трилијардер. 

Сега неговото богатство е проценето на околу 80 милијарди долари или 30 повеќе од 2006-та кога ја напушти позицијата на извршен директор на Microsoft. Од тогаш моќта на Гејтс постојано се зголемува за околу 10% годишно со бројни акции, недвижности и удели во различни водечки компании. 

Бил Гејтс заедно со уште десетина милијардери поседуваат поголемо богатство отколку половина население на планетата што е доволен показател за социјалната нееднаквост и распределба на доходот.


Слично

Поврзани вести