Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биковите се сингл затоа што се мрзеливи, а јарците бидејќи се резервирани!

Биковите се сингл затоа што се мрзеливи, а јарците бидејќи се резервирани!
  Веќе долго време сте сами, а вистински се трудите да ја пронајдете љубовта на вашиот живот? Секој хороскопски знак има нешто што го кочи во пронаоѓањето на идеалниот партнер-ка. Проверете дали самите себе си се спречувате во обидот да се скрасите во среќна врска... Овен Самоувереноста на овновите која кај многумина на почетокот на врската ќе им се допадне набрзина станува иритантна. Овенот мора да го смири своето его, некогаш да го постави и другиот на прво место и да научи да прави компромиси ако сака врската да му потрае. Бик Ако не се грижите за изгледот и сте мрзеливи во одржувањето на романтиката, немојте да очекувате дека партнерот ќе ви остане верен. Тврдоглавите бикови знаат и да се лутат, а нивната арогантност може да трае и трае... Тоа не е добро, затоа што на другата страна ќе и здосади постојано да ве прашува што ви е... Близнаци На близнаците им е тешко да останат верни, а нивната променливост може многу лошо да влијае на врската. Ако пречесто доаѓа до промена на расположението, партнерот покрај вас може да почне да се чувствува несигурно. Рак Ракот речиси секогаш брза. Знаат да бидат и наметливи, а многу рано зборуваат за деца и брак и на тој начин можат да го исплашат партнерот. Поради тоа другата страна не може да се опушти и да уижва во врската. Лав Лавовите со своите партнери се караат само ако им значат. Но, другата страна може погрешно да го сфати тоа што постојано нешто не им се допаѓа и им пречи. Лавовите дури и ризикуваат да останат сами затоа што им е поважно да победат во караницата, отколку во љубовта. Девица Девиците, кои на прв поглед делуваат како предобри суштества, срамежливи се и честопати можете да помислите дека не се заинтересирани за вас. Освен тоа, тие прерано и се откажуваат и може да не ве поканат на втор состанок доколку нешто ги налутите. Вага Љубовниот живот на вагите може да биде катастрофален ако постојано бираат партнери кои уште патат по бившите љубови. Освен тоа, на нив честопати им се случува да бидат со лоши партнери кои не се за нив, па поради тоа се служат со манипулација. Скорпија Скорпиите кога се во врска понекогаш знаат да бидат досадни. Нивниот став е се или ништо, па поради тоа многумина ги отпишуваат уште на старт. Некои од нив знаат да бидат опседнати со тоа да контролираат се, па партнерите можат да побегнат од нив. Стрелец Дали вашите стандарди се превисоки? Нормално дека заслужувате најдобро и не морате да се скрасите ако не сакате, но не треба да мислите дека секој не е доволно добар за вас, затоа што на тој начин ќе останете сами. Јарец Јарецот може да биде резервиран, па дури и љубоморен пред да ја освои личноста која му се допаѓа. За него треба многу трпение и време. Неговите партнери многу лесно можат да се изморат и разбеснат, уште пред да ги откријат сите позитивни карактеристики кои ги носи со себе. Водолија Водолијата е тврдоглава и не се труди да ја сокрие оваа карактеристика. Ова може да биде слатко на почетокот на врската, но подоцна може да дојде до голема расправија која може да биде погубна за врската. Риби Дали се уште патите за бившиот? Рибите на некој чуден начин знаат да уживаат во своето самосожалување и поради тоа честопати си ги упропастуваат идните врски. Освен тоа, рибите се склони и кон тоа да бираат партнери кои ги искористуваат, па постојано се вртат во круг.
Слично

Поврзани вести