Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биковите се најтврдоглави, и кога се виновни – не се извинуваат!

Биковите се најтврдоглави, и кога се виновни – не се извинуваат!
Секое помирување е тешко, освен ако не обрнете внимание на хороскопскиот знак на партнерот. Затоа потрудете се со помош на ѕвездите да го вратите во својата прегратка… Овен Замолете ги за прошка, признајте дека сте погрешиле и ветете дека никогаш повторно нема да ја направите истата грешка. Почитувајте го кажаниот збор, бидејќи Овновите не толерираат празни ветувања. Не го чекајте ” вистинскиот момент” за извинување, туку направете го тоа веднаш откако ќе увидите дека сте ги повредиле неговите чувства. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата. Бик Биковите се најтврдоглави од сите хороскопски знаци. Доколку сте се скарале со вашиот партнер, морате да му признаете дека тој бил во право, во спротивно вашата конверзација ќе биде во застој.Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак Близнаци Најдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите. Рак Причината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот. Лав Силното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила. Девица Ова е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое.
Слично

Поврзани вести