Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИКИНИ СТАТИСТИКА: Сиромаштијата е намалена, јазот меѓу богатите и сиромашните огромен!

БИКИНИ СТАТИСТИКА: Сиромаштијата е намалена, јазот меѓу богатите и сиромашните огромен!
Сиромаштијата во 2013-та година се намалила за 2 процентни поени. Според т.н Лаекен индикатор на Државниот завод за статистика, во 2013-та година стапката на сиромаштија изнесувала 24,2 проценти, а во 2012-та била 26,2 проценти. Во апсолутна бројка, пред две години 500.400 луѓе живееле на прагот на сиромаштијата, а претходната 2012-оваа бројка била 540.000 луѓе. Ако се направи споредба со вкупното население кое според пописот од 2002 година е нешто повеќе од  две милиони жители, тогаш повторно се добива резултатот, дека една четвртина од населението во земјава живее во сиромаштија. Статистичката Анализа за лаекен индикаторите е изработена врз основа на висината на приходите на населението. Статистичките бројки се еден параметар, но дали намалувањето од 2 процентни поени реално се чувствува на терен? Според аналитичарите, намалувањето на стапката отвора многу прашања кои треба да се одговорат, за да се види дали оваа статистичка бројка одговора на реалната состојба. Укажуваат дека сеуште и оваа намалена стапка на сиромаштија е висока. -Овие податоци заслужуваат внимание особено ако се погледне структурата каде е тоа намалување. Да речеме според старосната структура на лицата кои живеат во сиромаштија се покажува дека најголемо намалување има кај постарата популација над 60 години односно за 5,8 процентни поени. Сега се поставува прашањето колку навистина политиките насочени кон старите лица придонесле за ваквите состојби. Сметам дека  дел од причините во намалувањето на оваа стапка имаат методолшките начини или промената на методологиите во пресметките  кои што се вметнати од претходната база односно 2012 година, додека на терен реално ситуацијата можеби за одредена група се подобрени приходи, но генерално за севкупното население мојот впечаток е дека нема такво енормно намалување на сиромаштијата. Тоа е сеуште премногу висока стапка на сиромаштија, од друга страна стои податокот дека ние 14 години немаме попис. Значи во услови кога немате реална проценка на населението исто така се поставува прашањето колку мигрирањето без разлика дали е тоа привремено или од постојан карактер, тоа исто така има удел во состојбите со кои се соочува населението. Има многу реални прашања кои треба да се одговорат за да навистина се види дали оваа статистичка бројка одговора со реалната состојба на терен, вели универзитетскиот професор Маја Геровска- Митев. БИКИНИ СТАТИСТИКА Според дел од експертите наспроти статистичките показатели, треба да се има во предвид тоа  процентот на луѓе што живеат со помалку од 1 или 2 долара на ден останува непознаница. -Има една стара изрека, која вели дека статистиката е како бикини - она што го покажува е индикативно, но она што го прикрива е од витално значење. Оваа изрека одлично е илустрирана од најновите податоците на ДЗС за Лаекен индикаторите за сиромаштија, и од начинот на кој тие се интерпретираат. Главната вест е дека сиромаштијата во Македонија се намалила, од 26.2% во 2012 на 24.2% во 2013. Но, се заборава една многу важна работа - дека овде станува збор за релативна сиромаштија (т.е. процент од домаќинствата што имаат приходи што се пониски од 60% од средниот еквивалентен приход за сите домаќинства), што е всушност еден вид на нееднаквост. Од друга страна, најзагрижувачкиот вид на сиромаштијата, е што процентот на луѓе што живеат со помалку од 1 или 2 долара на ден останува непознаница. Слично, и најзагрижувачкиот вид на нееднаквоста, доходот кој завршува кај најбогатите 1% од популацијата, исто така останува непознаница, вели Бранимир Јовановиќ, од Асоцијацијата на економски истражувачи и Левичарско движење „Солидарност. Анализирано по категории на домаќинства, се продлабочува прагот на сиромаштијата кај четиричлените домаќинства каде стапката на сиромаштија е 24,8 отсто, минимален пад е регистриран самохраните родители со стапка на сиромаштија 20,9 отсто и кај домаќинствата со три и повеќе возрасни. Во 2013-та година највисока стапка на сиромаштија од 49,9 проценти е измерена кај домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца. Државните надоместоци ја амортизираат сиромаштијата кај невработените која во 2013 е намалена на 43,7 отсто. Намалување на процентот на сиромаштијата е регистрирано кај оние што земаат пензија и што добиваат социјална помош. Стапката на сиромаштија кај вработените е непроменета и изнесува 11,1 отсто. Според аналитичарите загржива фактот што и натаму е висока стапката на сиромаштија кај децата. СИРОМАШТИЈАТА ПОИЗРАЗЕНА КАЈ ДЕЦАТА ОТКОЛКУ КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ -Загрижувачки е што имаме зголемување на стапката на сиромаштија со три и повеќе возрасни и исто така зголемување на сиромаштијата има кај домаќинствата со двајца возрасни и две издржувани деца, што од една страна може да сугерира дека има зголемена ранливост на домаќинствата во кои има долгорчна невработеност.Од друга страна ја имаме Анкетата за рабона сила за 2013 година, која говори дека во 2013 се вработиле над 28.000 луѓе, значи под претпоставка дека тие луѓе кои се вработиле не работат за приходи кои се во висина на ризикот на сиромаштија, тогаш може да се тие лица дел од причината за намалување на стапката. Ни остануваат уште 12.000 лица чиј статус требало да се подобри во 2013 -та , така што ако Анкетата за приходи и услови на живеење вели дека тоа се повозрасните луѓе над 65 години на кои најмногу им се подобрил приходниот статус, тогаш треба да се анализира дали навистина политиките насочени кон повозрасните односно стекнување на правото со пензија или некој друг ресурс го подобрил животниот стандард на оваа група на луѓе. Генeрално она што мене ме загржува и покрај севкупното подобрување на состојбите, она што го покажува статистиката, се покажува и во 2013 -та дека повторно доаѓа до зголемување на стапката на сиромаштија кај децата од 0 до 17 години. Ова особено упатува за итно преиспитување на политиките насочени кон семејствата, односно колку тие придонесуваат за намалување или за зголемување на сиромаштијата кај децата. Ако се анализира структурата може да се заклучи дека економскиот раст и вработувањата не можело многу да помогнат, затоа подобрена е состојбата кај повозрасната категорија на граѓани, вели универзитетскиот професор Геровска-Митев. Дел од експертите сметаат дека релативната сиромаштија е намалена заради пензиите, но дека сликата за животниот стандард на граѓаните не е многу подобрена. -Што всушност покажуваат новообјавените Лаекен индикаторите? Покажуваат дека релативната сиромаштија е намалена главно заради пензиите. Така, кај пензионерите сиромаштијата е намалена од 14.1% во 2012 на 10.9% во 2013, додека кај вработените, таа останала иста, 11.1%. Интересно е и тоа што сиромаштијата кај вработените со полно работно време е зголемена, од 10.4% на 10.9%, за разлика од сиромаштијата кај вработените со скратено работно време, која е намалена од 32% на 24.3%.Треба да се истакне и тоа дека, кај типичното македонско семејство, со двајца возрасни и две деца, сиромаштијата е зголемена, од 24.3% на 24.8%, и дека е зголемен и процентот на семејства кои имаат проблем со плаќање на трошоците за кредити или комуналии, од 39.5% на 40.3%. Сè на сè, иако има одредено подобрување во агрегатната слика, гледано подетално, сликата за животниот стандард на македонските граѓани не е многу подобрена, вели Бранимир Јовановиќ, од Асоцијацијата на економски истражувачи и Левичарско движење „Солидарност. Зголемен процентот на насленеието што не може да си ги плати сметките за комуналии Податоците покажуваат дека зголемување на процентот на население кои не можат навреме да си ги платат сметките за комунални услуги и ратти за кредити, и со тој проблем во 2013-та се соочиле 40, 3 отсто од граѓаните , наспроти 39,5 проценти во 2012-та година. Речиси 54 проценти од граѓаните во 2013-та не можеле да се овозможат да платат јадење со месо, риба или вегетаријанска храна два пати во неделата, наспроти 53,2 проценти во 2012-та. Висок е процентот на луѓето кои не можат да си дзволат еднонеделне одмор во текот на годината, и кај оние кои не можта да се соочат со неочекуван трошок плаќајќи го сопствени средства. -Овие податотоци говорат за реалните секојдневни потреби или проблеми со кои што се соочува населението. Значи неможноста да си ги покриете режимските потреби говори за една секојдневна несигурност не само приходна несигурност , туку несигурност на севкупните услови за живеење.Апсолутните бројки можеби говорат за одредено подобрување на приходнта состојба кај одредена старосна групација, но анализирано по поединачни ставки говорат навистина за состојби кои заслужуваат многу поголемо внимание од креаторите на политките, вели универзитетскиот професор Маја Геровска-Митев. ВИСОК КОЕФИЦИЕНТ НА КЛАСНА РАЗЛИКА Коефицинтот Gini, односно мерката за нееднаквост во распределбата на приходите во 2013-та година изнесувал 37 отсто, односно бележи минимален пад од 1,8 процентни поени во однос на 2012-та година. Според аналитичарите овој показател говори дека сеуште е голем јазот меѓу богатите и сиромашните. -Џини коефициентот е сеуште висок, тој говори за една друга ситуација, а тоа е колку економскиот раст е подеднакво поделен во сите општествени структури. Според овој коефицинет ние сме во групата на земјите кои што имаат исклучително висока нерамномерна распределба на приходот, што говори повторно за потребата од нивелирање на можностите за сите видови и на приходни и на демографски и на сите други социјални групации во општеството. Тоа значи тој економски раст што се остварува, однсоно бенефитот или придобивките се гледа дека не е редистрибуиран подеднакво на сите групи во општеството. Зборуваме за нееднаквост од аспект на приходните разлики, односно оние кои што заработуваат најмалку имаат и најмалку пристап до можностите што ги нуди тој економски раст, а бенефит имаат групации кои што имаат многу повисоки приходни групи, и оттаму е оној јаз меѓу оние кои што имаат најниски и највисоки приходи, вели универзитетскиот професор Геровска-Митев.     Македонија е на 11-тото место по сиромаштија во светот според индексот за 2013 година на вашингтонскиот Кејто Институт. Според најновата публикација на Државниот завод за статистика “Анкeта за приходи и услови за живеење ” објавена во март годинава, во 2012 година се зголемил процентот на граѓаните кои со вкупните месечни приходи не можат да ги покријат основните животни потреби. Според Анекатата 40,1 отсто граѓаните се изјасниле дека многу тешко успеваат со месечните приходи да ги задоволуваат потребите, и во споредба со 2010 година процентот е зголемен за речиси 2 отсто. Истражувањето направено според стандардите на европскиот завод за статистика Евростат, покажува дека се зголемува и процентот на граѓаните кои се изјасниле дека тешко можат со месечните приходи да ги покријат основните потреби. Од спроведената анекта се забележува дека вкупно 68,1 отсто   од анкетираните се изјасниле дека многу тешко или тешко им стигнуваат месечните приходи за да ги покријат потребите. Процентот на испитаниците кои се изјасниле дека месечните примања им се доволни и лесно можат со нив да ги подмират потребите изнесува само 2,3, отсо. Според статистчките податоци просечната месечна нето  плата во феврураи изнесувала 21.104 денари, а синдикалната кошница во која спаѓаат ихрана и пијалоци, домување, хигиена, обувкси,превоз, клутура, здравје истиот месец изнесувала 32.160 денари. Тоа значи дека на едно четричлено семејство месечно за да ги подмири основните животни потреби му недостигаат 11.056 денари. Ј.С  
Слично

Поврзани вести