Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ: Земјотрес зароби рудари во рудникот во Зеница

БиХ: Земјотрес зароби рудари во рудникот во Зеница
Два рудари се повредени, а осуммина се заробени во рудникот за јаглен во Зеница, откако земјотрес предизвика одрон во една од јамите. На поширокото подрачје на Зеница попладнево се почувствува земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри североисточно од Зеница и на 53 километри северозападно од Сараево, на длабочина од два километри. Потресот предизвикал т.н. „горски удар“ и одрон во рудникот Распоточје, така што двајца рудари биле повредени и префрлени во болница. Тие не се во животна опасност. Уште осуммина рудари се наоѓаат заробени во една од јамите. Екипите за спасување се обидуваат да ги извлечат.
Слично

Поврзани вести