Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ: Уапсени шест лица поради приклучување на Исламската држава

БиХ: Уапсени шест лица поради приклучување на Исламската држава
Полицијата на Босна и Херцеговина уапсила шест лица кои тргнале во правец на Сирија, за да им се придружат на џихадистите од Исламската држава. Овие лица се уапсени во Уншко-санскиот кантон, Маглаја и кантонот Сараево и се припадници на радикалниот исламистички проект. Осомничени се за кивично дело финансирање на терористичките активности, организирање на терористички групи, формирање и придружување на паравоените или параполициските формации. Уапсени се по налог на обвинител од специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, а акцијата ја извеле припадниците од Агенцијата за истрага и заштита на БиХ и граничната полиција, во соработка со разузнавачките и безбедносните служби. Некои од нив се лишени од слобода на граничниот премин на Уншко-санскиот кантон, а меѓу нив се и лицата за кои постојат докази дека се организатори за незаконско напуштање на БиХ и одење во Сирија. Од обвинителството на БиХ е соопштено дека за сега неможат да дадат повеќе информации и детали за оваа апсење.
Слично

Поврзани вести