Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ од следната недела ќе протерува странци

БиХ од следната недела ќе протерува странци

Босна и Херцеговина ќе протера повеќе од 300 странци, илегални жители, воглавно од Персискиот залив поради даночни затајувања и нелегално купување недвижности.

Првите случаи на протерување ќе бидат во следната недела. Ова го соопшти Службата за странци на БиХ. 

Службата наведува дека ќе преземе законски мерки за прекин на безвизен или привремен престој, односно мерки за протерување.

За случајот се интересира и Обвинителството на БиХ кои побараа документација за илегалното купување недвижности и отворање фиктивни фирми во државата. Околу 500 фиктивни фирми пријавени на лажни адреси поседуваат во БиХ околу 600 станбени и деловни простори. 


Слично

Поврзани вести