Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИХ нема намера да воведува сертификати

БИХ нема намера да воведува сертификати

Сите странски медиуми во светот и регионот се прашуваат дали скијачките центри и другите туристички капацитети во Босна и Херцеговина се некаква масовна имунизација и дали тоа најавува крај на пандемијата.

Во Босна и Херцеговина се уште нема знаци за воведување сертификати. Властите се повлекоа од правилото „вакцинирано-тестирано-прележано“, кое требаше да стапи на сила на 20 декември. Рестораните и кафулињата се полни со гости, ситуацијата е како пандемијата да не се ни случила.

Странските медиуми јавуваат за голем број туристи на скијачките центри. Според Асошиетед прес, само еден од многуте медиуми, илјадници скијачи од целата земја, од Балканот и од Европската унија среќно скијале низ свежиот снег на планинските падини на БиХ по официјалниот почеток на сезоната на 4 декември.

Од странските туристи не се бара да покажат доказ за вакцинација, неодамнешно закрепнување или негативен тест за да можат да одат на скијачки патеки, ресторани, барови или други затворени објекти. Иако се во сила обврските за носење маски во затворени простории и социјална дистанца, нивната примена сепак е случајна, пишува новинската агенција Асошиетед прес.

Иако надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна, лекарите кои секојдневно се во директен контакт со пациентите изразуваат голема загриженост за зголемувањето на бројот на критични пациенти. Дополнително, процентот на вакцинирани граѓани е далеку под очекуваниот број, моментално околу 22 отсто. Оваа бројка остава простор за загриженост, ако се има предвид дека Германија има над 70 проценти вакцинирани граѓани…


Слично

Поврзани вести