Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ најевтина, Хрватска најскапа земја за живот во регионот!

БиХ најевтина, Хрватска најскапа земја за живот во регионот!

Петте најскапи држави за живот се Швајцарија, Норвешка, Венецуела, Исланд и Данска, а БиХ е означена како 24 најефтина земја, податоците се од веб страницата „Мувхаб“ посветени на анализата на животниот стандард во земјите и градовите во светот.

Србија го завзема 26, а Црна Гора 35 место, додека Хрватска според оваа анализа која ги осликува цените на животот на граѓаните во однос на стандардите на државата, е најскапа во регионот и се наоѓа на 69 место.

Најефтино се живее во Индија, Непал, Пакистан, Тунис и Алжир, Молдавија, Египет и осмото место и припаѓа на Македонија.

При анализата во обзир се земени цените на рентата, јадењата во ресторани, цените на основните животни намирници и она најважното- куповната моќ на домашното население.

cost-of-living-(550px)_0

И.Р

Слично

Поврзани вести